©OpenStreetMap
учесници
OpenStreetMap обезбедува картографски податоци на илјадници мрежни места, мобилни прилози и сметачки уреди
OpenStreetMap ја гради заедница од учесници што придонесуваат со свои содржини и ги одржуваат податоците за патишта, патеки, кафеани, железнички станици и многу друго ширум светот.
Месни сознанија
OpenStreetMap полага особена важност на месни сознија. Учесниците користат воздушни снимки, ГПС-уреди и пообични теренски карти со цел да се провери исправноста и актуелноста на OSM.
Проектот го работи заедницата
Заедницата на OpenStreetMap е разнообразна, посветена и секојдневно расте. Меѓу учесниците имаме аматерски картографи, стручњаци во ГИС, технолози што работат со опслужувачите на OSM, хуманитарни работници што картираат подрачја погодени од катастрофи и разни други. Повеќе за заедницата ќе дознаете на Блог на OpenStreetMap, кориснички дневници, блогови на заедницата и мрежното место Фондација OSM.
Отворени податоци
OpenStreetMap е проект со отворени податоци: можете слободно да го користите за било која цел доколку ја наведете OpenStreetMap и нејзините учесници. Ако решите да ги менувате податоците или да се надоврзувате на нив, добиеното дело можете да го распространувате исклучиво под истата лиценца. Повеќе ќе најдете на страницата Авторски права и лиценца.
Правни работи
Со ова мрежно место и многу други поврзани услуги формално раководи Фондацијата OpenStreetMap (OSMF) во име на заедницата. Употребата на сите услуги што ги нуди OSMF подлежи на нашите Услови на употреба, Правила за прифатлива употреба и our Правила за личните податоци.
Ако сакате да користите карти или податоци од OpenStreetMap, наведете ја OpenStreetMap. За повеќе информации, погл. Напатствијата за припис.
Кога сакате да употребите екранска снимка од OpenStreetMap непосредно во ваша книга, публикација, филм или ТВ-емисија, нема треба да барате дозвола бидејќи податоците на OpenStreetMap се отворени за сечија употреба. Погледајте Напатствијата за припис за да видите постоечки примери во Филм и ТВ.
Контактирајте ја OSMF за сите други прашања во врска со лиценцирањето, авторските права и други правни прашања.
OpenStreetMap, логото со лупа и Сотстојбата на картата се заштитни знаци на OSMF.
Партнери
Вдомувањето е поддржано од Fastly, Корпоративни членови на OSMF, и други партнери.